Политика на приватност

Реактор-Истражување во акција ги користи пријавите како предмет  на статистичка квантитативна и квалитативна анализа. Сумарните резултати од пријавите се доставуваат на секои шест месеци до надлежните институции со цел да поттикнеме решавање на проблемите на работниците и на пазарот на труд. При тоа, идентитетот на поднесувачите на пријавите е целосно заштитен.

Веб страната не се користи за покренување на заштита во индивидуални ситуации, освен доколку самата жртва не го побара тоа, во кој случај по добиена согласност се дава правна помош.

Податоците се собираат и анализираат анонимно. 


Ние, Реактор - Истражување во акција, Ве уверуваме дека при поднесување на пријавата никаде не се запишуваат ниту пак се зачувуваат вашите лични податоци, имаме пристап само до податоците што вие ги внесувате во пријавата.

Податоците во пријавата претставуваат социо-демографски податоци кои ни се потребни за статистичка анализа.

Веб аналитички сервиси

Ние на платформава користиме еден аналитички веб сервис, Google analytics , кој ни служи како бројач, кој ги следи посетите и времетраењето на посетите на веб сајтот пријави дискриминација. Сервисот не ги зачувува Ip адресите на корисниците што го посетуваат сајтот,  за повеќе информации погледнете ја политиката на Google analytics.

Електронска пошта и поштенско сандаче

Податоците и содржината што корисниците ни ги испраќаат на email или податоците што ги внесуваат во формуларот за контакт, претставуваат строго доверливи податоци и ние како огранизација сме должни истите да ги чуваме во тајност и да не ги објавуваме никаде .

Електронските пораки што пристигнуваат до нас можете да ги праќате преку стандарден email или криптиран:

·         Стандарден: на овој начин ние стандардно ја примаме содржината што ни ја праќате

·         Криптиран: на  овој начин ние ја примаме содржината на пораката како шифриран тект, тежок за пробивање.

За правилно да ја напишете криптираната пораката, ве молиме кликнете на следниов линк за да го прочитајте водичот при креирање на криптирана порака.


Контакт

За било какви прашања во врска со сајтот Пријави дискриминација, или доколку ви треба дополнителна помош во врска со пополнувањето на пријавата, Ве молиме да не исконтактирате на email.

Доколку не се чувствувате безбедно да ја пополните пријавата  на нашиот веб сајт, истата можете да ја симнете и пополнета да ни ја испратите на нашето поштенско сандаче.

 Реактор – истаржување во акција

Адреса : Рузвелтова бр: 46/8

1000 Скопје, Република Македонија

Е-пошта: prijava[at]prijavidiskriminacija.mk

Тел/факс: +389 2 32 45 536

© 2015 Пријави дискриминација. All rights reserved